Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед го обнови интересот за Годин

Лоши вести за Конте, се повреди Годин

Манчестер, 21 март 2020 (МИА) – Манчестер јунајтед повторно пројави интерес за дефанзивецот на Интер, Диего Годин. Управата на „нероаurурите“ е подготвена да го ослободи 34-годишниот Уругваец од тимот, и покрај тоа тој што ја поминува својата прва сезона во Италија, пренесе „Кориере дело Спорт“.

Годин му се придружи на Интер во летото 2019 година како слободен агент и потпиша договор до летото 2022 година.

Во досегашниот дел од првата сезона на Годин во Серија А, тој одига 25 натпревари за „нероазурите“.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 10 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство