Утрински Весник
Македонија

РКЕ демантира дека има одржано три прес-конференции

РКЕ демантира дека има одржано три прес-конференции

Скопје, 21 март 2020

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги демантира наводите од партиското соопштение на ВМРО ДПМЕН и ги цени како несериозни, некоректни и необјективни. Лажна вест е дека РКЕ има одржано три прес конференции.

Водејќи се од начелата на објективност, транспарентност и недискриминација, со примена на најдобрите меѓународни искуства и практики РКЕ како тело кое е независно во своето работење и одлучување ќе продолжи да ја информира јавноста за сите донесени одлуки.

Ги повикуваме партиите доколку имаат интерес да се информираат за работат на РКЕ од извештајот на Енергетската Заедница според кои РКЕ е на прво место и во 2018 и 2019 година од 9-те регулаторни тела на земјите-договорни страни на Договорот за основање на Енергетската заедница.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лимани: Доделувањето на Наградата за младинско учество, нека биде симбол на почит и признание за сите млади кои не се пасивни набљудувачи, туку активни граѓани

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

ТОПЛОТНИ БРАНОВИ: До крајот на август ќе имаме многу топло време!