Утрински Весник
Македонија

Волонтери делеа флаери за заштита од коронавирусот на пазарите во Струмица

Волонтери делеа флаери за заштита од коронавирусот на пазарите во Струмица

Струмица, 21 март 2020 (МИА) – Мобилни тимови, составени од волонтери на Општина Струмица и Црвен крст, денеска на граѓаните им делеа флаери за заштита од коронавирусот.

Во акцијата беа опфатени продавачите и купувачите на пазарите во Струмица, кои, заради пазарниот ден, ги имаше во поголем број.

Освен на пазарите, флаери беа делени и на граѓаните во околните улици каде имаше зголемена фреквенција.

Мобилните тимови и во изминатите денови реализира повеќе активности. рт/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство