Утрински Весник
Македонија

Голема акција на општина Гази Баба за дезинфицирање на јавните површини

Голема акција на општина Гази Баба за дезинфицирање на јавните површини

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Општина Гази Баба заедно со ЈКП Гази Баба, Град Скопје, ЈП Водовод и канализација и Центарот за јавно здравје реализираа неколку акции за дезинфицирање на јавните површини и објекти, како и чистење на улиците во општината, информираат од општина Гази Баба.

Извршивме машинско миење на улиците во повеќе населени места и тоа во населба Железара, улиците Гемиџиска, Тајмишка, Зеничка и Душан Тасковиќ, во  Автокоманда, улиците Ташко Караџа, Лазар Поп Трајков и Јани Лукровски, во Ќерамидница, улицата 519, во Кирил Петрушевски, улиците Перо Наков и Вера Радосављевиќ, во Триангла, улиците Модест Мусоргски и Петре Филиповски Гарката. Исто така и во населба Хиподром, улиците Дончо Штипјанчето, Жан Жорест, Пехчевска и Париска Комуна. Потоа во населбите Ченто и Маџари улиците Палмиро Тољати, Сречко Пужалка, Фуштанска, Жегњане, Јужноморавски Бригади и друго, велат од општина Гази Баба.

Воедно, од таму наведуваат дека се машинско миење на улици е реализирано и во улиците во Стајковски, Булачани, Раштак и Страчинци.

Исто така општина Гази Баба и Екипите на Институтот за јавно здравје го дезинфицираа домот за згрижување деца “Ранка Милановиќ”, а рачно се чистеа и двата плоштади во Автокоманда, Коцка и Филип Втори.

Акцијата продолжува во текот и на другите денови во останатите населени места. оџ/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание