Утрински Весник
Економија

Повик до акционерите на Комерцијална за електронско гласање или писмена кореспонденција за закажаното Собрание

Картичките на Комерцијална може да се користат во трговијата и на дел од банкоматите

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Комерцијална банка АД Скопје ги повикува своите акционери за Собранието на банката закажано за 2-ри следниот месец учеството и гласањето да го остварат со писмена кореспоненција или со електронско гласање.

Како што соопштуваат од Банката, ова е во насока на реализирање на препораките на Комисијата за хартии од вредност од РСМ и во интерес на почитување на мерките за спречување ширење Ковид -19, а со цел да се обезбеди успешно одржување на закажаното Собрание без фисичко присуство на акционерите.

Детални инструкции за ваквиот начин гласање и учество во работата на Собранието се достапни на веб-страницата на Банката.

За дополнителни информации може да се постават прашање по електронски пат на sobranie@kb.com.mk или на следните телефонски броеви (02)3168222 или (02)3168232. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

20 години од рестартирањето: Рудник Саса продолжува да инвестира во луѓето и локалната заедница

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот Бизнис форум Северна Македонија – Турција

Дурмиши: Компаниите да ја искористат поддршката за инвестиции, да аплицираат до 15 јуни