Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на улиците во Батинци и главниот пат кон депонијата „Дрисла“

Дезинфекција на улиците во Батинци и главниот пат кон депонијата „Дрисла“

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – За да се заштити здравјето на граѓаните, Град Скопје спроведе акција за дезинфекција на улиците во населеното место Батинци, во близина на депонијата „Дрисла“.

– Во акцијата е употребено специјално комунално возило за оваа намена, а извршено е миење на повеќе улици во населеното место Батинци, како и на главниот пат од крстосницата пред влезот во Драчево до клучката за влезот во депонијата „Дрисла“, соопшти Град Скопје.

Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот. хс/сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба на Муцунски со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау

ПРОДОР НА ЛАДЕН БРАН ОД СЕВЕР: Велигденски празници со утрински мраз

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи