Утрински Весник
Македонија

Гостиварската болница ќе воведе дополнително обезбедување за да се намалат посетите

Гостиварската болница ќе воведе дополнително обезбедување за да се намалат посетите

Гостивар, 19 март 2020 (МИА) – Најголемата здравствена установа во Гостивар, Општата болница „Ферид Мурад“ има капацитети и работи во согласност со препораките. Управата на болницата како дополнителна мерка, ќе ангажира и дополнително физичко обезбедување за да се воведе поголем ред и регулирање на посетите, бидејќи некои граѓани и покрај забраната, доаѓаат во болницата.

Директорот на болницата, Јакуп Јакупи на состанокот на кризниот штаб, кој денеска се одржа во општина Гостивар, нагласи дека работното време на здравствените работници е нормално и засега сé се одвива според препораките на здравствените власти.

– Во рамки на болницата имаме штаб кој секојдневно се состанува и на дневно ниво се разгледува состојбата. Имаме доволно капацитети, а во Инфективното одделение има посебен дел кој е наменет за карантин. Имаме и план доколку има потреба да примиме заболени пациенти и да ги преорганизираме потребните одделенија. Направивме напор да озбезбедиме дополнителна количина на заштитни маски, бидејќи изминативе две недели потрошивме половина од количината која е предвидена за целата година, изјави Јакупи. згм/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче