Утрински Весник
Македонија

ДИК на јавна седница ќе одлучува за поднесените листи на кандидати за пратеници

ДИК на јавна седница ќе одлучува за поднесените листи на кандидати за пратеници

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи 65-тата седница на која, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесени листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Комисијата, како што е најавено, на денешната јавна седница ќе спроведе и ждрепка за редните броеви на кандидатските листи во гласачкото ливче.

Од ДИК информираат дека, имајќи ја предвид настанатата состојба со епидемијата со вирусот Ковид 19 и воведената вонредна состојба на седницата нема да бидат повикани овластените претставници на подносителите на листите, а ждрепката ќе се врши на јавна седница.

Седницата на Државната изборна комисија ќе оди во живо на фејсбук страната на ДИК. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија

Македонија дел од голема меѓународна акција: Разбиена мрежа за интернет измами, седуммина уапсени

Над 5.000 корисници на социјална помош имаат сметки во Алта банка