Утрински Весник
Македонија

Здравствени пунктови низ тетовските села

Здравствени пунктови низ тетовските села

Тетово, 17 март 2020 (МИА) – Градоначалничката на Тетово Теута Арифи по денешниот втор состанок на кризниот штаб информираше дека Здравствен дом Тетово ќе отвори пунктови по руралните населени места како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Информирани сме дека Здравстен дом ќе отвори некоку пунктови во рураланите општини околу Општина Тетово за да се минимизира потреба на сите тие граѓани при првото појавување на некој проблем да доаѓаат во градот Тетово, така што со ова се овозможува на сите тие евантуални случаеви најпрво да се пријават во нивите пунктови, рече Арифи.

Од петок започнува методата на дератизација во Тетово, а дезинфекцијата постојано ќе се одржува и ќе се повторува, информираше Арифи.

-Миењето и дезинфекцијата на сите улици во градот Тетово и пошироко во Општината продолжува со темпото кои е воспоставено од пред неколку денови. Тоа значи дека ќе продолжи до завршување на првиот круг, па следи повтоување на целиот тој процес. Во петок ќе продожи процес на дератизација, рече Арифи.

Од состанокот на штабот таа пренесе дека Клиничката болница ги има преземено сите мерки во однос на прифаќање и комуникација со лица кои имаат потреба од тоа. Оние кои се во домашна изолација останува да добиваат помош од народната кујна. ас/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ