Утрински Весник
Македонија

Се одвиват контроли на влезовите во Прилеп, навечер се почитуваат мерките

Се одвиват контроли на влезовите во Прилеп, навечер се почитуваат мерките
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прилеп, 14 март 2020 (МИА) – Се одвиваат контроли на влезовите во Прилеп на регионалните патишта Прилеп – Македонски Брод и Прилеп – Крушево. Сообраќајната полиција почна, иако со неколку часови задоцнување, да ги контролира патниците кои влегуваат во градот.

Ова е мерката од синоќешниот состанок на Регионалниот кризен штаб за превенција од зараза со коронавирус, особено по информацијата од Центарот за јавно здравје кое апелира на самоизолација бидејќи имало повеќе дојденци во општината Пласница од ризичните земји.

При анкетата на дел од патниците, некои од општина Долнени рекоа дека не дошол никој од оние што се  во странство и не чувствуваат страв. Жител од селото Браилово, Долнени, рече дека неговиот брат си дошол од Германија пред една недела, но немало ништо. Контролите ќе бидат наредниве три дена.

Прилепските ресторани, кафулиња, обложувалниците, клубовите, главно, ги почитуваат мерките за работа до 18 часот. Дел граѓани предлагаат и целодневно неработење. Голем број таксисти носат маски за, како што велат, да се заштитат себе си и патниците. Со маски се заштитуваат и вработените во продавниците, а и минувачи. ем/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична за две лица, преку лажни натпревари и фиктивни играчи ја довеле во заблуда ФФМ

Измамен 67-годишник од тетовско за сума од 3000 евра

Сиљановска – Давкова: Потребен е национален консензус и гаранции за евроинтеграциите