Утрински Весник
Македонија

Се одвиват контроли на влезовите во Прилеп, навечер се почитуваат мерките

Се одвиват контроли на влезовите во Прилеп, навечер се почитуваат мерките

Прилеп, 14 март 2020 (МИА) – Се одвиваат контроли на влезовите во Прилеп на регионалните патишта Прилеп – Македонски Брод и Прилеп – Крушево. Сообраќајната полиција почна, иако со неколку часови задоцнување, да ги контролира патниците кои влегуваат во градот.

Ова е мерката од синоќешниот состанок на Регионалниот кризен штаб за превенција од зараза со коронавирус, особено по информацијата од Центарот за јавно здравје кое апелира на самоизолација бидејќи имало повеќе дојденци во општината Пласница од ризичните земји.

При анкетата на дел од патниците, некои од општина Долнени рекоа дека не дошол никој од оние што се  во странство и не чувствуваат страв. Жител од селото Браилово, Долнени, рече дека неговиот брат си дошол од Германија пред една недела, но немало ништо. Контролите ќе бидат наредниве три дена.

Прилепските ресторани, кафулиња, обложувалниците, клубовите, главно, ги почитуваат мерките за работа до 18 часот. Дел граѓани предлагаат и целодневно неработење. Голем број таксисти носат маски за, како што велат, да се заштитат себе си и патниците. Со маски се заштитуваат и вработените во продавниците, а и минувачи. ем/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: И Западот не е тоа што беше, очекувам младите да се вратат дома

Бугарската министерка: Ги убедивме европските партнери да ја прифатат нашата позиција, Скопје сега нема политичка волја за ЕУ

Уапсен возач од Шведска, кај Демир Капија возел 175 км/ч при ограничување од 80 км/ч