Утрински Весник
Македонија

Герила акција „Аздисаност  2006 -2017 – Никогаш повеќе“ на плоштад „Македонија“

Герила акција „Аздисаност  2006 -2017 – Никогаш повеќе“ на плоштад „Македонија“

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Џиновски стиропорен стек од бизон со текст „Аздисаност  2006 -2017 – Никогаш повеќе“ и фискална сметка од гозба во ресторан, се изложени претпладнево на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Со оваа герила акцијата, според организаторите се потсетува на ресторанските гозби и високи сметки на функционери на поранешната власт. На изложената копија од фискална сметка е заокружена нарачката на стек од бизон вреден 5.900 денари, а под неа и стек од коњ која чинеле 4.500 денари.

Пред денешната герила акција, во центарот на Скопје беа поставени и инсталациите на заробена држава во кафез, Јустиција како „сваровски“ приврзок, големо уво и мобилен телефон како потсетување на прислушувањето на над 20.000 граѓани.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со специјалниот пратеник на МНР на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац

Од први мај директно ќе се лета од Скопје за Тиват