Утрински Весник
Македонија

На бесплатна бања ќе одат 42-ца пензионери од дебарско

На бесплатна бања ќе одат 42-ца пензионери од дебарско
Dik 300x250 mk

Дебар, 12 март 2020 (МИА) – Правото на бесплатна бањско-климатска рекреација, годинава ќе го користат 42-ца пензионери од општините Дебар и Центар Жупа.

– Правото на бесплатна бања ќе го користат во познатите по својата лековитост „Дебарски Бањи-Цапа“. Сите 42-ца пензионери на бањи ќе престојуваат од 26 мај до први јуни, информираат од деловната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, која со својата активност ги покрива двете општини.

Споредено со минатата година бањско-климатска рекерација ќе користат петмина пензонери повеќе.

Од почетокот на реализација на овој владин проект, во 2010 година, од двете општини, каде има над две илјада пензионери, оваа поволност преку Министерството за труд и социјална политика, ја исползувале околу 500 пенизонери.

Освен што се повеќе од задоволни пензионерите, задоволството не го кријат и од управата на Дебарски Бањи-Цапа, бидејќи средствата остварени по овој основ се добредојдени и се насочуваат кон осовременување на капацитетите во двата бањски локалитети – Косоврасти и во Бањиште.

Во двата локалитета традиционално престојуваат и пензионерите од Битола, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Ресен, Тетово и дел од Скопје. вт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Орце најави – EXIT потврди во Јуни фестивал во Скопје!

Свечено затворање на фестивалот „Златна лира“ со доделување на награди и концерт на пијанистот Глигор Гелебешев

ДИК ја започна дистрибуцијата на над еден милион избирачки ливчиња