Утрински Весник
Македонија

Села: Ќе ги следиме препораките, нема потреба од паника

Села: Ќе ги следиме препораките, нема потреба од паника

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Алијансата за Албанците ќе ги следи препораките од Кризниот штаб за справување со коронавирусот, изјави лидерот на партијата Зијадин Села упатувајќи порака дека нема потреба од паника.

– Оваа ситуација ќе помине како и сите други. Ова е вирус и последиците од овој вирус не се различни од последиците на сезонските грипови. Секогаш како последица на сезонскиот грип имало пациенти кои завршиле во болница како последица на хроничните заболувања. Нема потреба од паника, луѓето треба да бидат солидарни, рече Села и ги повика фармацевтските компании да не ја злоупотребуваат ситуацијата и да не прават профит од средствата за дезинфекција.

Прашан дали здравствениот систем е подготвен да се справи со ситуацијата, Села рече дека здравството не е менаџирано како што треба, иако имаме капацитети. бак/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утрово нема задржувања на граничните премини

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување