Утрински Весник
Македонија

Вреќи со марули пливаат по Црна Река кај Возарци

Вреќи со марули пливаат по Црна Река кај Возарци

Кавадарци, 12 март 2020 (МИА) – Вреќи со марули пливаат по Црна Река кај Возарци. Жителите реагираат дека несовесни поединци меѓу нив, постојано ја загадуваат животната средина.

-Ова ѓубре е израз на нечија некултура и простотилак. Најверојатно некој не ги продал марулите, па ги фрлил во реката. Близу селото е, кај месноста што ја викаме стариот мост, вели Благој Ангеловски од Возарци.

Според Доне Илов, овластен инспектор за животна средина при општина Кавадарци, комунални работници и екологисти континуирано работат на терен за заштита за животната средина, но несовесноста на поединци си го прави своето.

Претседателот на месната заедница Возарци, Зоран Силјанов исто така потврдува дека иако постојано се чисти на терен, несовесни лица повторно ја загадуваат околината. Најмногу фрлаат во реката и во месноста „Пашова стена” над стариот железен мост.

-Тоа што фрлаат до самиот пат до Тиквешко Езеро кое е во близина на околу 150 метри, јасно говори за каква несовесност станува збор. Иако имаме ставено и табли да не се фрла ѓубре, непромислените сепак оставаат отпад, кој ги пречекува и испраќа туристите кои го посетуваат езерото, дециден е Силјанов. свд/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски