Утрински Весник
Македонија

Општина Куманово нема да врши прием на странки, граѓаните контактите да ги остваруваат по електронски пат

Во Куманово од утре ќе се собираат податоци за потребите на адресниот регистар

Куманово, 12 март 2020 (МИА)Општина Куманово  согласно издадените мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија поради  состојбата со коронавирусот,  од утре во наредните денови до 24 март, нема да врши прием на странки во сите сектори и одделенија на општината.                                            

Шалтерите во архива на општината за странки ќе работат секој работен ден од 10:00 -14:00 часот  и апелираат до граѓаните при доаѓањето задолжително да ги почитуваат и применуваат препораките на Министерството за здравство за одржување на хигиената и заштитата.

Граѓаните кои имаат потреба од услугите  на општината може да остварат контакт со вработените во Општина Куманово по електронски пат: на  официјалната интернет страница на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk, достапни се сите услуги, а за контакт можете да користат и официјалната електронскa пошта info@kumanovo.gov.mk и  facebook профилот Општина Куманово, телефоните: 031 475 800  – Централна Зграда,  031 438 633  – Зграда на Катастар,  031 414 375 –  Зграда спроти Градски Стадион, 031475 812 –  Просторија на Совет во општина Куманово, 031 475 824 –  Архива (Адреса: 11 Октомври,бб  1300 Куманово)- наведуваат во соопштението од општина Куманово.ам/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Хаос на патарини и гранични премини

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со новиот генерален директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи. 

Хаос во дискотека во Охрид – масовни тепачки меѓу малолетници имало и повредени