Утрински Весник
Македонија

Чулев: Мерката за еден родител да е слободен важи и во МВР, ако двајцата се вработените во полицијата

Чулев: Мерката за еден родител да е слободен важи и во МВР, ако двајцата се вработените во полицијата

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Незавизниот синдикат на полицијата денеска на прес-конференција побара појаснување од Владата или Министерството за внатрешни работи во врска со мерката која е воведена со настанатата ситуација со коронавирусот каде се предвидува вработените, меѓу кои и во државната управа, кои имаа малолетни лица до 10-годишна возраст, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности, дали и како ќе се регулира во МВР ако двајцата се вработени во полицијата.

Претседателот на Синдикатот Гоце Делчев рече дека добил многу прашања од вработени во МВР, а имаат дете кое е под 10 години и оди во градинка како можат да си го исполнат правото кое се предвидува со мерката на Владата.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференција во МВР, прашан за овој проблем рече дека денеска е пратена телеграма до сите органи за почитување на одлуката на Владата за ослободување на родители и тоа, ако се работи за самохрани, како и ако двајцата родители се вработени во МВР, Одбрана, АРМ и Царина. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен 

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците