Утрински Весник
Спорт

Нагелсман најмлад тренер што го помина плејофот во ЛШ, Мурињо трет пат по ред елиминиран во осминафиналето

Мурињо не кажа зошто го нарече тренерот на Саутемптон „идиот“

Лајпциг, 11 март 2020 (МИА) – Тренерот на бундеслигашот Лајпциг, Јулијан Нагелсман стана најмладиот фудбалски стручњак во историјата на Лигата на шампионите кој ја помина првата рунда од плејофот. Нагелсман го предводеше Лајпциг до четвртфиналето со наполнети 32 години и 231 ден.

За разлика од него, Мурињо трет пат во низа не го помина осминафиналето. Неговиот Тотенхем синоќа загуби од Лајпциг со 3:0 и не успеа да влезе во четвртфиналето.

Претходно, под водство на Португалецот во сезоната 2014/15 Челзи загуби од ПСЖ, а во сезоната 2017/18 Манчестер јунајтед беше елиминиран од Севиља. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ