Утрински Весник
Македонија

Познати носителите и кандидати на листите за пратеници на изборите на СДСМ и коалицијата

Познати носителите и кандидати на листите за пратеници на изборите на СДСМ и коалицијата

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – СДСМ вечерва на Конгресот на партија во Скопје ги објави носителите на листите и кандидатите за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април.

Како што соопшти вечерва на прес – конференцијата лидерот на партијата Зоран Заев, покрај четворката каде носител ќе биде тој, во првата изборна единица носител на листата ќе биде актуелниот шеф на дипломатијата Никола Димитров, техничкиот премиер Оливер Спасовски во втората, партискиот генерален секретар Љупчо Николовски во третата, петката ќе ја предводи вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска. Носител во шестата изборна единица ќе биде лидерот на БЕСА Билал Касами.

Согласно најавите на лидерот на партијата Заев и на заменик претседателката на СДСМ  Шекеринска дадени на прес-конференција вчера во седиштето на партијата, во секоја изборна единица партијата ќе оди со двајца носители на листи – маж и жена. Така на листата за првата изборна единица тандем на Димитров е Мила Царовска, во двојката по Спасовки е Соња Лукаревска, во тројката втора на листата е Јагода Шахпаска, во четворката заедно со Заев носителка е Соња Мираковска, во петката во тандем со Шекеринска е Јован Митрески, а во шестата изборна единица која ќе ја предводи Касами, втора на листата е Фаница Николовска.

-Ова е понудата на СДСМ и коалицијата за изборите. Ова се личностите кои ќе ја донесат големата веќе извесна победа на 12 април. Ова се луѓето кои даваат збор и пред мене и пред вас дека ќе работат одговорно, чесно и отворен во процесот на продолжување на успешните политики. Ова е најголемата најразноликата и победничка коалиција со родово најизбалансирана понудана сите избори од независноста па до денес. Со ваква понуда нема дилема,.Ние сме победници на 12 април. Победници сме затоа што обединуваме околу вредностите и визиите што значат развој напредок, подобар живот за нашиот народ, за нашите деца, рече Заев.

Тој додаде дека сите политички субјекти во оваа коалиција ја препознаа важноста државата да продолжи по вистинскиот пат, концептот едно општество да се зацврсти уште повеќе и за уште посилен економски напредок. Сега кога државата е на вистинскиот пат кога стануваме дел од НАТО  и започнува преговори со ЕУ важно е, рече, државата да продолжи по тој пат, да продолжат реформите, растат и платите и пензиите, да расте економијата, инвестициите,…

-Покажавме, а во новиот мандат и ќе  потврдиме дека можеме уште повеќе и уште подобро. Јас, носителите зад мене, но и сите 120 кандидати за пратеници ви даваме збор нема да престанеме со реализација на мерки и политики важни за државата. Нема да дозволиме враќање назад, нема да дозволиме напредок, развој, да биде загрозен. Не. сите ние ќе продолжиме уште повеќе и уште подобро. со силна посветеност и ангажираност ќе ги реализираме сите столбови на програмата коишто вечерва ги усвоивме. Ќе продолжиме затоа што знаеме и затоа што можеме. И тоа ќе го покажеме на 12 април и уште повеќе ќе го покажеме во мандатот после победата. Нема застанување, нема враќање назад, со силни чекори грабиме напред, градиме модерна, силна развиена држава. Стануваме членка на НАТО почнуваме проговори со ЕУ, градиме фер, праведно и еднакво општество. Можеме уште подобро уште пвоеќе, порача Заев.

Листите се утврдени од партиските органи и во координација со коалициските партнери. вг/цр/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седумина повредени, меѓу нив и тројца малолетници при судир на ,,мерцедес“ и ,,џип“

Митева: Сто милиони евра во време на Ковид со СДС завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ

Драма во ИЈЗ: Вработен ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат реагенси за цела Македонија