Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општина Делчево дел од РОМАКТЕД програмата

Општина Делчево дел од РОМАКТЕД програмата
Img 7972

Делчево, 4 март 2020 (МИА) – Општина Делчево стана дел од РОМАКТЕД, заедничката програма на Советот на Европа и ЕУ, која има за цел промовирање на доброто владеење и зајакнување на положбата на Ромите на локално ниво. Во рамки на Програмата како што информираа од Општината, ќе се јакнат локалните координативни тела, формирани во рамките на имплементацијата на локалните акциски планови.
-Целта на програмата е реализација на проекти во детектираните областите во Локалните акциски планови како образование, вработување, домување и здравство. За Делчево ова значи дополнителна поддршка за реализација на проекти утврдени во Локалниот акциски план што ќе донесат подобрување на квалитетот на живеење на ромската заедница, информираа од општината.
Зелено светло за учество во оваа програма како што додадоа, Општина Делчево доби на вториот состанок на Советодавната група кој се одржа во Скопје, на кој учествувале високи претставници од Владата на РСМ, Советот на Европа и Делегацијата на ЕУ во РСМ, како и претставници од општините и НВО-сектор и ромската заедница.
Во програмата, освен Општина Делчево, се приклучени уште 12 општини од државава, а од општините од регионот, член на РОМАКТЕД е и општина Берово. вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина 23-годишниот Христијан Сребреновски, за кого се собираа средства за лекување

Го нападнале тројца и му го оштетиле автомобилот – Скопјанец настрадал на паркинг во Карпош

Бујар Османи најавува итни мерки во првите 100 дена: Чистење на Чаир, борба против корупцијата и решение за дивоградбите