Утрински Весник
Економија

Регионален форум за безбедност и здравје при работа

Состанок за безбедност и здравје на работниците

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Во Скопје денеска ќе почне дводневен регионален форум посветен на безбедноста и здравјето при работа. Целта е да се разменат искуства во оваа област и да се понудат решенија за превенција.

На форумот, на кој ќе учествуваат претставници од седум држави, посебно внимание ќе биде посветено на новите стратегии на синдикатите за безбедноста и здравјето при работа, особено во однос на организирањето и поддршката на претставниците за безбедност и здравје при работа.

Најавено е учество на синдикални експерти за безбедност и здравје при работа од регионот, како и на претставници од надлежните институции.

Форумот го организираат Сојузот на синдикати на Македонија и Европскиот синдикален институт. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

„И здравје и работа“: Да градиме рударство што создава работа, развој и сигурна иднина

„Рапид билд“ за 29,4 милиони евра ќе го гради гасоводот со Србија, треба да биде готов во 2028 година