Утрински Весник
Економија

Регионален форум за безбедност и здравје при работа

Состанок за безбедност и здравје на работниците

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Во Скопје денеска ќе почне дводневен регионален форум посветен на безбедноста и здравјето при работа. Целта е да се разменат искуства во оваа област и да се понудат решенија за превенција.

На форумот, на кој ќе учествуваат претставници од седум држави, посебно внимание ќе биде посветено на новите стратегии на синдикатите за безбедноста и здравјето при работа, особено во однос на организирањето и поддршката на претставниците за безбедност и здравје при работа.

Најавено е учество на синдикални експерти за безбедност и здравје при работа од регионот, како и на претставници од надлежните институции.

Форумот го организираат Сојузот на синдикати на Македонија и Европскиот синдикален институт. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“

Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за поддршка вредна 30 милиони евра 

Самит на Македонија2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата – предуслови за забрзан економски раст