Утрински Весник
Спорт

Ангеловски: Ривалите неатрактивни, но квалитетни, наша цел – прво место

Ангеловски: Ривалите неатрактивни, но квалитетни, наша цел – прво место

Амстердам, 3 март 2020 (МИА) – Неатрактивни, но квалитетни ривали е првичниот коментар на селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија, Игор Ангеловски по ждрепката на групите за новото издание на Лигата на нации во Амстердам.

– Досега многупати покажавме дека можеме рамноправно да се носиме со сите репрезентации. Овој пат добивме неатрактивни ривали, но тоа не значи дека не поседуваат квалитет. Сигурно го имаат. Наша цел и во новата сезона на Лигата на нации останува првото место, рече Ангеловски.

Во сезоната 2020/21 на Лигата на Нации нашата репрезентација ќе игра во втората група на Лигата Ц заедно со Грузија, Естонија и Ерменија.

Меѓутоа, новата сезона во Лигата на нации е во втор план. Приоритет во моментот е финишот од претходното издание. Завршницата е кон крајот на овој месец со плејоф дуелите за пласман на Европското првенство ова лето. Македонската репрезентација на 26 март ќе го дочека Косово во Скопје, а пет дена подоцна, во финалето, ќе гостува кај победничката селекција од второто полуфинале меѓу Грузија и Белорусија. сѓд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви

Алегри експресно е казнет за циркусот кој го приреди во финалето од Купот на Италија

Е.Пелистер многу потешко го совлада Тиквеш и избори очеклувано финале во Купот на Македонија