Утрински Весник
Македонија

Спасовски, Филипче и Караџовски ќе одржат прес-конференнција во Владата

Состанок на Акциската група за координација на институциите за борба против дезинформации и напади на демократијата

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје во 16:30 часот ќе дадат изјава за медиумите во Медија центарот во Владата.

Дел од медиумите туку што објавија неофицијално дека во земјава има потврден прв случај на заболен од коронавирус.

Денеска три лица се пријавиле на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот.

Министерот Филипче пред околу два и пол часа информираше дека кај две лица резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат.  рп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност