Утрински Весник
Магазин

Речиси 8.000 луѓе на листата кандидати за вселенски туризам

Речиси 8.000 луѓе на листата кандидати за вселенски туризам
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хјустон, 26 февруари 2020 (/) – Компанијата за вселенски туризам, Врџин галактик, која своите први клиенти ќе ги испрати во Вселената до летово, поради големиот интерес, најави поголем број карти.

Како што соопштуваат оттаму, бројот на резервации во однос на септември 2019 година е двојно поголем. Засега, компанијата букирала 603 фиксни резервации од 60 земји, и тоа по цена од 250.000 долари.

Датумот на следниот лет не се соопштува, но картите се распродадени.

Компанијата престана да продава карти по првиот свој туристички лет, што беше реализиран во декември 2018 година. На листата на чекање има 7.957 заинтересирани. Затоа денеска се пушта во продажба нова серија карти.

Меѓу познатите кои веќе купиле билети, се Џастин Бибер и Леонардо ди Каприо, а и сопственикот на Врџин галактика – Ричард Бренсон. Тој истакна дека ќе ги придружува патниците на првиот комерцијален лет.

За испраќање туристи во Вселената заинтересирани се и компаниите Спејс-Икс и Блу ориџин. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оскарите преминуваат на Јутјуб од 2029 година

Top casino games: Совети, класици и онлајн забава денес

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки