Утрински Весник
Македонија

Намалени водостоите на реките

Повеќето од реките со двојно пониски водостои

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Водостоите на сите реки во земјава се под просекот за февруари, а најголем пад на нивото имаат реките Струмица, на мерното место кај Сушево, и Црна Река кај Новаци каде водостоите се за четири, односно за три пати пониски од просечните.

Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на двете реки е дополнително намалено во однос на вчерашното.

Водостоите, пак, на природните езера во земјава се исти како вчера, но кај Преспанското и кај Охридското Езеро се пониски за 78, односно за седум сантиметри од повеќегодишниот просек за овој месец, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,91 метро повисоко од просечното. вј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места

Пред пратениците на 58. седница предлог-законите од Реформската агенда

Сончево и многу топло, до 40 степени