Утрински Весник
Македонија

Јавен превоз лани користеле 72 милиони патници, продолжува трендот на опаѓање (инфографик)

Јавен превоз лани користеле 72 милиони патници, продолжува трендот на опаѓање (инфографик)

( МЕТА ) Со јавен превоз во сите градови од земјава лани биле превезени 72.040.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со линиите од градскиот превоз во 2019 година патувале 42.404.000 патници, додека автобусите од приградските линии превезле 29.636.000 патници. Во овие бројки се вклучени податоците од главниот град, но и од градско-приградскиот превоз што се одржува во Куманово, Велес, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.

Статистиката покажува дека во 2018 година со јавен превоз во земјава биле транспортирани 71.410.000 патници, што значи дека лани бил забележан благ на бројката на патници за помалку од 600.000. Сепак, треба да се нагласи ова се должи на зголемениот обем на работа кај линиите во некои градови од внатрешноста на земјава, како и на приватните превозници во Скопје. Информациите од ЈСП – Скопје за 2019 година покажуваат дека со нивните автобуси биле превезени над 44,1 милион патници или за половина милион патници помалку во споредба со 2018 година.

И покрај минималните позитивни придвижувања, анализирањето на податоците во подолг период покажува дека интересот за користење на јавен превоз кај македонските граѓани опаѓа во континуитет низ годините. За период од две децении, Државниот завод за статистика регистрирал 40 милиони помалку превезени патници на градско – приградските линии. Ако во 2000 година, со јавен превоз низ градовите во земјава патувале 111,4 милиони патници, лани оваа бројка изнесувала само 72 милиони патници.

Позитивно придвижување во наредниот период може да се очекува со повторното воведување на јавен превоз во Тетово, каде што Светска банка треба да помогне во набавката на автобуси за тамошното општинско претпријатие за јавен превоз. Воедно, веќе набавените нови автобуси за ЈСП – Скопје годинава е предвидено да се пуштат во функција, со што се очекува зголемување на интересот за патување со автобус од страна на жителите на главниот град.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина