Утрински Весник
Македонија

Во Демир Хисар презентиран проектот „Многу луѓе, многу погледи“

Во Демир Хисар презентиран проектот „Многу луѓе, многу погледи“

Демир Хисар, 19 февруари 2020 (МИА) – Центарот за рекреативни индустрии-НЕБО, во Општина Демир Хисар презентира резултати од проектот „Многу луѓе, многу погледи“, поддржан од Европска комисија и Советот на Европа, а во рамки на програмата „Европски денови на културното наследство“.

Станува збор за изложба со наслов „Охрид – поглед од другата страна“ која е поместена во фоајето на Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар.

Приказната е имплементирана од Центар за креативни индустрии-НЕБО во соработка со ЈЗУ „Психијатриска болница“-Демир Хисар и партнерски институции, а цел е да се претстави и сподели македонското културно наследство лоцирано во Охрид и околината, гледано низ перспективите на маргинална група, психијатриски пациенти.

-Фотографиите се изработени спонтано, а ликовните дела се изработени тематски и според желбата на учесниците. Веруваме дека со реализацијата на овој проект ќе ја зголемиме свеста во општеството за можните потенцијали на дел од лицата хоспитализирани во психијатриските институции, но и нивна проактивна инклузија во општествените активности, соопштија од Центар за креативни индустрии-НЕБО, село Суводол, Демир Хисар.

Учесници во приказната се пациенти хоспитализирани во ЈЗУ „Психијатриска болница“-Демир Хисар кои изработија ликовни дела и фотографии. мт/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ