Утрински Весник
Македонија

Подготовки за училиште со веселата глина на Jumping Clay

Dsc 7085

Не мора да сте педијатар или предагог за да знаете дека учењето низ игра е најкорисно и најзабавно. Уште подобро е ако малите генијалци се ангажираат во некој креативен процес. Број светски истражувања покажуваат дека токму работата со глина или пластелин е особено корисна за малите генијалци од предучилишна и училишна возраст. Конкретно кај децата од тригодишна возраст ги развива фината моторика и фантазијата, придонесува за развој на говорот, овозможува детето да добие самодоверба.

Целта на концептот зад веселата глина на Jumping Clay е да отиде неколку чекори понапред – да ја надополни листата со придобивки од работата со глината, а истовремено и да ги надмине сите негативни страни на останатите слични производи на пазарот. За тоа колку е корисна работата со веселата глина доволно зборува фактот дека во светот се користи и во терапевтски програми за рехабилитација на некои пациенти со физички и ментални пречки.

86793563 2621664014736772 521616498129633280 O

За најмалите креативци особено корисни се курсевите за предучилишна возраст на кои децата со помош од сертифицирани инструктори прават фигури од веселата глина. Слоганот е „глина не е само да се гмечи и сучи, со неа неа се игра и се учи“, а зад него се крие креативен и забавен процес на едукација низ кој најмалите ги развиваат сите вештини кои потоа ќе им бидат корисни кога ќе седнат в клупа. Децата низ работата со глината ги учат различните бои, форми, а добиваат чувство за симетрија, величина, простор и содржина. Низ целиот процес на гмечење глина, без да почувствуваат замор и без да им е здодевно учат, набљудуваат, анализираат, решаваат проблеми… Особено е важно што почнуваат да размислуваат сами, развиваат свои идеи, стекнуваат самодоверба, стануваат љубопитни и ги развиваат и подобруваат друштвените интеракциски вештини кога работат во група. Jumping Clay има 9 основни бои кои многу лесно се мешаат и создаваат неограничена палета на бои. Малите генијалци така ја развиваат својата креативност и фантазијата, а што е најважно ја променуваат во пракса и ја обликуваат во 3Д. Уметничките вештини се подобруваат со мек материјал што создава подобра емотивна состојба, бидејќи е особено пријатен за работа.

82709547 2594741810762326 5872118779315486720 O

Jumping Clay потекнува од Јужна Кореја. Највеселата глина на светот е создадена по 25 години темелно истражување и развивање по што основачите дошле до токму оваа полимерна смеса за моделирање која е уникатна и иновативна. Откако ќе се направи посакуваната фигура, само се остава на воздух да се исуши, бидејќи уште една предност е тоа што нема потреба да се пече. Станува збор за уникатна полимерна глина со мирис на јасмин, која не предизвикува алергија, ги има поминато сите тестирања на храна, не содржи глутен и не е токсична дури и доколку случајно се стави в уста или се проголта. Веселата глина содржи нано-сребрена технологија која го спречува ширењето бактерии, што значи дека антибактериските честички ги чистат детските рачиња. Не прави неред, а кога од неа ќе се направи топка веселата глина потскокнува. Оттука е и веселото име.

Повеќе информации за курсевите специјализирани за подготовка за на училиште можете да добиете во најголемиот детски креативен центар кај нас на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 54, како и на телефонските броеви: 078/309-559 и 070/268-858.

Комерцијален текст.

Можете да прочитате

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи