Утрински Весник
Македонија

Пронајдени пет мигранти во товарно возило, возачот лишен од слобода

Пронајдени пет мигранти во товарно возило, возачот лишен од слобода

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – На локалниот пат од село Банско за село Робово, на влезот во струмичкото село Робово, вчера околу 07:45 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ во товарно возило „ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, пронашле пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан.

Од МВР денеска информираа дека возачот на товарното возило Д.Д.(62) од Скопје бил лишен од слобода и заедно со мигрантите биле спроведени во СВР Струмица.

Против Д.Д. е поднесена кривична пријава до ОЈО, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци Гази Баба Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. цр/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски

Драма кај Куманово: Возач удрил полицаец, бегал и бил уапсен по испукани куршуми

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат, недовербата во институциите е иста