Утрински Весник
Македонија

Животот е најскап во Швајцарија и Норвешка, Македонија меѓу најевтините

Животот е најскап во Швајцарија и Норвешка, Македонија меѓу најевтините

( META) Анализата на деловниот магазин Ceoworld рангира 132 земји во светот кои се најскапи за живеење, како и оние каде се најприфатливи условите за живот. Швајцарија и Норвешка дефинитивно се водечки кога станува збор за високите цени на производите и на услугите.

Истражувањето ги мери трошоците за храна, облека и обувки, даноци и комунални услуги, интернет, транспорт и ресторани. Заклучокот е дека Швајцарија е на прво место, Норвешка на второ место, а потоа следуваат Исланд, Јапонија, Данска, Бахами, Луксембург, Израел, Сингапур и Јужна Кореја, пишува порталот „Новац.хр“.

Кога станува збор за соседите, Хрватска е 53-та, Црна Гора е 90-та, а БиХ и Србија се на 96-то и 98-то место. Не само што е Хрватска поскапа од овие три земји, туку во неа е поскап животот и од Словачка и Унгарија. Само Словенија е во предност и се наоѓа на 47-то место. Македонија е на 113 место на листата.

Од друга страна, трите суперсили, САД, Кина и Русија, се рангирани на 20, 80 и 82 позиција. Германија е на 29-то место според висината на цените, Ирска е на 13-та, а Австрија е 21-та. Со оглед на стандардот, животот е многу поевтин во земјите како Пакистан, Индија, Авганистан, Сирија и Тунис.

Германија е рангирана на 29 место според трошоците за живејачка, додека Ирска е на 13-то место, а Австрија на 21-то место.

Во најскапата Швајцарија, животот е за 22 проценти поскап отколку во Њујорк, каде  трошоците за сместување се двојно пониски.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ