Утрински Весник
Македонија

Демант од Централен регистар на изјавата на дополнителниот заменик-министер Стаменковска – Стојковски

Демант од Централен регистар на изјавата на дополнителниот заменик-министер Стаменковска – Стојковски

Скопје, 18 февруари 2020 

Почитувани,

Директорката на Централниот регистар на Република Северна Македонија, Марија Бошковска Јанковски упатува најостар демант на бескрупулозните лаги и невистини кои денеска на прес конференција ги истакна дополнителната министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска – Стојковска. Во целиот говор на дополнителната министерка има само една вистина – дека вработените на Централниот регистар се административни службеници, се останато е лага и невистина.

Прашањата за работен однос се уредени во член 7-а од Законот за Централен регистар и член 19 став 2 од Статутот на Централен регистар. Во истите е утврдено дека прашањата за работен однос ќе се уредуваат согласно Законот за Централен регистар, Статутот и Колективниот договор на Централен регистар.

Согласно горенаведеното Централен регистар во врска со вработувањата се применуваат одредби од Колективниот договор кои се во согласност со Законот за работни односи. Сето тоа е утврдено и овозможено и во член 4 став 2 и 4 од Законот за административните службеници за потребите на Централниот регистар (пренесено во Законот за Централен регистар) при што е дадена и утврдена можноста во самиот закон, со општите прописи за работни односи и со Колективен договор да се уредат прашањата за и од работен однос.

Во однос на вработувањата на неопределено време, сакаме да истакнеме дека истите се спроведуваат врз основа на План за вработување, при што за 2018 година е добиено позитивно мислење и од МИОА и од МФ.

– од Министерство за финансии број 04-902/7 од 17.07.2018 година (08-95/259-4 и 08-95/276-1 од 17.07.2018 година

– од МИОА 04-902/9 од 24.07.2018 година (12/6-4330/4 од 23.07.2018 година)

Во 2019 година Централниот регистар нема спроведено постапка за вработување на неопределено време.

Во однос на вработувањата на неопределено време предвидени со Планот за вработување за 2020 година добиено е позитивно мислење и од МИОА и од МФ. Во однос на тоа како првото мислење на МИОА на „чудесен начин“ станува позитивно, сакаме да истакнеме:

По добиената согласност на годишниот план за вработување за 2020 од МФ, на 18.11.2019 година Централниот регистар го доставува планот до МИОА под број 04-1171/9 од 28.10.2019 година, со сите потребни прилози. За истиот на 25.11.2019 година со допис број, 12/6-4429/2 известени сме дека мислењето е негативно. Нашите стручните служби го разгледаа и анализираа истото и констатираа дека негативното мислење неосновано се повикува на член 20-б став 7 од Законот за вработени во јавниот сектор и се споменува задолжително барање на согласност од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Бидејќи Централниот регистар не е орган на државна управа, не е буџетски корисник и според тоа нема законска обврска да бара претходна согласност од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. По укажувањето од наша страна, на 17.12.2019 година под број 12/6-4429/4 добиено е позитивно мислење од МИОА.

Од досега наведеното многу е јасно дека директорот на Централниот регистар нема сторено ниту директна ниту индиректна повреда при вработувањата согласно објавените јавни огласи. Воедно сакаме да напоменеме дека директорот на Централен регистар како службено лице одлуките што ги има донесено истите ги донел совесно, врз основа на утврдени факти и согласно закон и Колективен договор, со што ја нема злоупотребено својата службена положба. Затоа од дополнителната министерка очекуваме да се извини за изнесените ноторни лаги, во спротивно ќе следува тужба за клевета.

А што се однесува до обвинувањата за партиските вработувања во институцијата во која што раководи ја упатува, списоците на претходно вработени во Централен регистар на Република Северна Македонија да си ги провери во Извршиот комитет во партијата од која што доаѓа заменската министерка во МИОА.

И ако има било какво недоразбирање и нејасности околу истото директорката Марија Бошковска Јанковски е подготвена да и помогне.

Со Почит,

Централен регистар на Република Северна Македонија

____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал