Утрински Весник
Македонија

Санацијата на свлечиштето Цуцка на излезот од Велес чека согласност од Железница

Санацијата на свлечиштето Цуцка на излезот од Велес чека согласност од Железница

Велес, 18 февруари 2020 (МИА) –  Градежните работи на свлечиштето Цуцка на излезот од Велес коишто според најавите од градоначалникот Аце Коцевски требаше да стартуваат вчера, не се започнати затоа што изведувачот, битолската фирма „Стентон Градба“, чека согласност од ЈП Железници инфраструктура.

Како што информираат за МИА од фирмата „Стентон Градба“, треба да се даде дозвола за исклучување на струјата од пругата додека се изведуваат градежните  работи, а заради сигурност на работниците кои таму ќе работат, како  и изградба на канал помеѓу потпорниот ѕид и пругата.

 Блаже Петров од „Стентон Градба“ информира дека тие вчера направиле увид и подготовка на теренот за санација. – Првиот проблем е да се исклучи струјата од  ЈП Македонски железници заради безбедност при работа на работниците. Второ се  појави мал проблем  каде што ќе биде  самиот темел на  потпорниот  ѕид навлегува неколку сантиметри од трупот на железничката пруга, а треба да се изгради  и канал помеѓу пругата и самиот потпорен ѕид, а што е пропуст на проектантот. Разговараме  и преговараме со вработените  во ЈП „Македонски железници“   и се надевам овие мали пропусти ќе ги надминеме до крајот на неделава. Очекувам дека градежните работи со задоцнување од една недела  ќе стартуваат идниот понеделник, изјави за МИА Петров.

Градоначалникот Коцевски неодамна информираше дека општината издејствувала Владата да го финансира проектот со 62.441.350 денари. Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги завршило сите постапки, а од Министерството за внатрешни работи е добиена сообраќајна согласност за воведување во работа на изведувачот и започнување на градежните работи за санација на свлечиштето „Цуцка”, како и изградба на потпорен ѕид на регионалниот пат Велес – Градско.  Со градежните зафати е предвидено санација на веќе пропаднатиот дел од патот со изградба на нов бетонски ѕид. Воедно демонтирање на старата и  поставување нова еластична ограда според ЕУ стандардите. Изведување на земјени, геотехнички и ѕидарски работи, односно целосно проектирање на околу пет илјади метри квадратни со поставување анкери, габиони и заштитни мрежи за да се спречат несакани одрони во иднина. Свлечиштето на крај треба да се комплетира со асфалтирање и патот да биде пуштен во употреба.

Големите одрони на карпи од свлечиштето Цуцка на излезот од Велес се случија утрото  на 13 март 2018, а за среќа во несреќата немаше жртви, но беа блокирани регионалниот пат Велес-Градско и железничкиот од Велес кон Гевгелија. Скоро две години по настанот, граѓаните на Велес и сите патници  кои минува на овој дел од патот гласно реагираа и упатуваа бројни критики на локалната власт, на бавното решавање на проблемот. Како последица на тоа едната коловозна лента од патот сеуште е запрена за сообраќај.ад/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски