Утрински Весник
Спорт

ПСЖ не е послаб без Нејмар, изјави тренерот на Борусија

ПСЖ не е послаб без Нејмар, изјави тренерот на Борусија

Дортмунд, 17 февруари 2020 (МИА) – Пари Сен Жермен има премногу талент и евентуалното отсуство на Нејмар од мечот не го прави францускиот тим помалку опасен.

Ова мислење го изрази тренерот на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавр пред првиот осминфинален дуел од Лигата на шампионите,кој е на програмата утре. Нејмар не играл од 1 февруари, откако не учествуваше и на ремито 4-4 со Амиен во текот на викендот.

– Имаат толку одлични играчи. Во групната фаза, тие повторно го совладаа Реал Мадрид без Нејма.Тој е одличен играч, но такви се и Килијан Мбапе и Анхел Ди Марија. Можам да наведам барем десет други со огромен потенцијал и квалитети, рече Фавр на прес-конференцијата пред дуелот на „Сигнал Идуна Парк“.

Реваншот меѓу Пари Сен Жермен и Борусија ќе биде на 11 март во француската престолнина.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига