Утрински Весник
Македонија

Скопјанец повреден со остар предмет од неговиот син

Притвор за велешанец осомничен за загрозување на сигурноста на нотар

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Педесет и четиригодишен скопјанец синоќа е повреден со остар предмет од страна на неговиот 23-годишен син. Повредениот е пренесен во Ургентиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Случајот синоќа во 18:01 часот е пријавен во полиција од страна на Ургентниот центар.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека станува збор за С.А.(54) од Скопје, кој бил повреден од неговиот син Д.А.(23) во семејниот дом на ул.„Бигла“.

Д.А. бил пронајден во домот и лишен од слобода. Се работи на целосно расчистување на случајот, a по негово документирање ќе следи соодветна пријава. бак/мч/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град

Куќа изгоре во Пелинце, избегната е поголема катастрофа

Порака од „Маршот за ангелите“ кон Мицкоски и Давкова: Нели ви е срам? Имате ли деца?