Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Милошоски прави драми, зборува за правна држава откако ја уништи, Законот за ЈО ќе биде донесен

Костадинов: Милошоски прави драми, зборува за правна држава откако ја уништи, Законот за ЈО ќе биде донесен

Скопје, 14 февруари 2020 

Добро е да се види нервозата. Вие колега Милошоски ќе ни зборувате за првда? Вие имате образ? Вие се најдовте повикан да ја штитите и браните правната држава, вие кои ја уништивте, па сега ќе правите драмолетки, истакна денеска во Собранието пратеникот на СДСМ Коста Костадинов.

Тој го повика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, да ги предаде боимбите за кои тврди дека ги има во обвинителството, бидејќи не се веќе правосудните институции како во време на ВМРО-ДПМНЕ и „Сваровски“ судството.
Вас колега Милошоски ве слушнавме дека нарачувате лустрација. И вие ќе зборувате за правда?!  Вие колега Милошоски почнувате да менувате бои како семафор, еднаш црвен, па жолт, а сега  позеленуваш, рече Костадинов, додавајќи дека во јавноста не треба да зборуваме за вашите разговори со Бетон Штип, со Езимит Штип, за купување на амбасадите. И вашата реакција во овој момент, ми го потврдува тоа. Овој закон ќе помине. Овој закон со сигурност претставува своевидна борба на правдата наспроти криминалот, истакна Костадинов.
Тешко е, мачно е, тероризирате,  уценувате, се заканувате провоцирате, но нема да ви помине ниту теророт , ниту заканите ниту уцените. Република Северна Македонија ќе биде правна држава и држава каде за  секој за кого во транспарентна судска постапка ќе  се докаже дека сторил криминал дека се огрешил од законите, ќе одговара, порача пратеникот на СДСМ Коста Костадинов.
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме