Утрински Весник
Спорт

УО на ФФМ: Собрание на 21 март, билетите за Косово 300 и 400 денари

УО на ФФМ: Собрание на 21 март, билетите за Косово 300 и 400 денари

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница закажа редовно Годишно Собрание на 21 март. Собирот на делегатите ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ и на него, меѓу другото, ќе биде разгледани финансиските извештаи за 2019 година и се очекува да биде усвоен и предлог буџетот за 2020 година.

Членовите на УО на ФФМ ги усвоија и цените на влезниците за меч меѓу Северна Македонија и Косово во Скопје во рамки на полуфиналето во Лига на нации. Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари, во зависност од трибината. За домашните навивачи ќе биде резервиран „Западот“ на кој ќе се влегува бесплатно. сѓд/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ