Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се исплаштени од Законот за ЈО, од правдата и одговорноста што следи

СДСМ: Исцелителот ли дава идеи за настапите на ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести

Скопје, 14 февруари 2020
Од нервозните реакции на ВМРО-ДПМНЕ овие денови, како и на пратениците на оваа криминална партија покажува дека извршителот Мицкоски е исплашен од Законот за ЈО, од правдата и одговорноста којашто следи.
Извршителот Мицкоски не успева да ги испорача наредбите на неговиот шеф, избеганиот криминалец Никола Груевски, нема спас за криминалот, секој што се огрешил пред законите ќе одговара.
СДСМ е на страната на правдата, на страната на граѓаните и европската перспектива на земјата.
Законот за јавно обвинителство претставува темел на реформите во правосудството и гарантира неселективна правда и одговорност за сите.
И токму  овој  закон е гаранција  дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.
Скриена амнестија нема да има за никого и секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите во нашата држава.
На 12 април доаѓа уште еден казна од граѓаните за извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ – режим никогаш повеќе!
Центар за комуникации со јавноста

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување

108 санкционирани возачи во Скопје

Недела на женско здравје 2024