Утрински Весник
Македонија

Јанушев: Македонија ќе биде држава со убедливо најниски даночни стапки

Јанушев: Македонија ќе биде држава со убедливо најниски даночни стапки

13 февруари 2020 

Теренските активности продолжуваат, денеска сме во посета на Свети Николе. Имаме ден каде што ќе се сретнеме со граѓаните на Општина Свети Николе. Веќе остваривме средба со огромен број на пензионери, разговаравме со нив, ги слушнавме нивните проблеми, но исто така им соопштивме на нив што е она што ќе го направиме за пензионерите.

А, она што се обврзуваме дека ќе го направиме за нив е, првично е ќе ја вратиме старата методологија на начинот на пресметка на пензиите. Но и ветуваме, даваме збор пред граѓаните дека истите ќе бидат зголемени за 20%, или во апсолутен износ 3 ипол илјади денари во 4 годишниот мандат за секој еден пензионер.

Но тоа е само еден мал дел од сите оние мерки кои што ги предвидуваме во нашата изборна програма.

Зголемувањето на платите за буквално сите од 25%, враќањето на рамниот данок, и во само први 100 дена негово намалување на девет процентни поени. Но исто така и дополнително намалување во 4 годишниот мандат со што Република Македонија ќе биде држава во светот со убедливо најниски даночни стапки.

Исто така се обврзуваме пред граѓаните дека во следниот четири годишен мандат невработеноста ќе ја намалиме под 10%. Движењето на економијата, зголемувањето односно одењето напред во стопанството ќе биде едно од главните приоритети на новата Влада која што ќе биде формирана после 12-ти април, а предводена секако од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Се среќаваме со граѓаните, посетуваме стопанственици, разговараме со нив и една работа е заедничка, таа е дека СДСМ, дека оваа криминално рекетарска Влада предводена од страна на Заев буквално го уништија македонското општество.

И она што го гледаме во изминатите неколку денови е всушност кулминација и доказ дека тие тонат и паѓаат. И ова што го прават и што повторно си играат со судбината на граѓаните е само за да се спасат преку условувањето и насилничкиот обид да го донесат Законот за Јавно обвинителство.

Но апелирам дека што и да направат тоа нема да ги спаси од одговорност, 12-ти април е блиску, 12-ти април е за само 60-тина дена од денеска. Секој оној кој што се огрешил пред граѓаните, секој кој што го прекршил законот ќе одговара и правдата ќе го стигне еден ден.

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја