Утрински Весник
Спорт

Се врати во Работнички – Баже Илијоски асистент на Достаниќ

Се врати во Работнички – Баже Илијоски асистент на Достаниќ

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Работнички беше максимално активен на пазарот во зимскиот преоден рок. Ангажира дури девет фудбалери, реализира квалитетни подготовки во Анталија, а од денеска има освежување и во стручниот штаб.

Клубот од Градски парк го промовира Баже Илијоски во асистент на тренерот Ратко Достаниќ. Обајцата ги очекува напорна работа и голем предизвик во пролетниот дел од сезоната во која дебармаалци ќе треба да го сочуваат прволигашкиот статус со оглед дека есеноска завршија како фенерџии на табелата. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вардар со победа во Струга стави печат на шампионската титула

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија