Утрински Весник
Македонија

Спасовски бара разрешување на Мизрахи

Спасовски бара разрешување на Мизрахи

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски до Собранието достави предлог со кој се бара од пратениците да ја разрешат министерката Рашела Мизрахи, потврдија за МИА од Владата.

-Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи, велат од Владата.

Барањето за разрешување следува откако министерката Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“. Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата, и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции.

Според Уставот за предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница. сст/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали