Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Бонус плата за околу 5000 полициски службеници и вработени во МВР

Спасовски: Бонус плата за околу 5000 полициски службеници и вработени во МВР

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека околу 5000 полициски службеници и вработени во Министерството за внатрешни работи денеска добиваат бонус-плата во висина од една просечна плата во државата.

– Првпат им овозможуваме на полициските службеници да го остварат своето законско право да им се исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата ако работеле повеќе од 150 часа од редовното работно време и ако не отсуствувале повеќе од 21 ден во една година. Го вративме достоинството на полициските службеници, ги направивме поблиски до граѓаните. Продолжуваме со континуираната грижа за стандардот и за соодветното вреднување на професионалниот статус на граѓаните, напиша Спасовски на Фејсбук. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”