Утрински Весник
Македонија

Нова постдипломска студиска програма по дидактика и методика на наставата по германски јазик

Нова постдипломска студиска програма по дидактика и методика на наставата по германски јазик

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во тек е пријавувањето за упис на постдипломски студии по дидактика и методика на наставата по германски јазик во вториот рок во академската 2019/2020 година.

Новата студиска програма, која има цел да го унапреди постдипломското образование на наставниците по германски јазик, е резултат на Договорот за соработка меѓу Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и Гете-институтот во Скопје.

Студиската програма содржи општообразовен дел, неопходен за вториот циклус студии во областа на науката за јазикот, и стручнообразовен дел, неодминлив за областа на наставата по германски како странски јазик во актуелните услови на работа. Стручните предмети се произлезени од модулите на новата образовна серија „Да научиме да држиме настава по германски јазик“ (Deutsch Lehren Lernen – DLL), издадена од Гете-институтот, водечка институција за усовршување на наставниците по германски јазик во светот.

Лицето што ќе ги заврши едногодишните студии, ќе стекне звање магистер по дидактика и методика на наставата по германски јазик.

Пријавувањето на кандидатите завршува на 2 март, а запишувањето е од 3 до 5 март 2020. хс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Борисов: Мицкоски го повикувам да престане да зборува, завршија изборите !

Укината пресудата на докторот за пожарот во ковид-болница во Тетово

(МАПА НА ОЧЕКУВАНИ ТЕМПЕРАТУРИ ПО ГРАДОВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД) Погледнете колку ќе изнесува температурата во вашиот град