Утрински Весник
Македонија

Словенечките универзитети ги отворија вратите за 2.271 странски државјани

Словенечките универзитети ги отворија вратите за 2.271 странски државјани

Љубљана, 12 февруари 2020 (МИА) – На словенечките универзитети оваа година ќе можат да се запишат 2.271 странски студенти. Споредбено со минатата, ова претставува зголемување за 49 места, наменети за оние кои немаат словенечко државјанство, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Во овој момент на студии во Словенија има околу 1000 државјани на Северна Македонија.

Ако се споредува со минатите години, генерално, има тренд на намалување на слободните места за словенечките државјани. Оваа година е објавено дека ќе има 18.365 слободни места, што е 33 помалку во споредба со минатата година. На Универзитетот во Љубљана има 9.111 слободни места, а на тој во Марибор 4.508 места.

Пријавувањето за новиот циклус студии трае до 18 март. ав/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме