Утрински Весник
Македонија

Жена тешко повредена по пад во отворена шахта на гробиштата Камник

Жена тешко повредена по пад во отворена шахта на гробиштата Камник

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Педесетгодишната Г.С. вчера се здобила со тешки повреди откако паднала во отворена шахта на гробиштата Камник, во Скопје.

Како што соопшти МВР, инцидентот вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, го пријавил сопругот В.С., кој посочил дека додека со сопругата се движеле по улица во кругот на гробиштата Камник, таа паднала во отворена шахта и се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗС бара поранешни полицајци, војници и пожарникари за гаснење пожари – плата до 2.150 евра за три месеци

За првпат МТВ нема да го пренесува Светското првенство во фудбал

Лефков, Стефковски и Јованчев влегуваат во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ