Утрински Весник
Македонија

Ходаи: Гаши се уште не одговорил, студентите може да се соберат пред Собранието

Img 9114.jpeg

Студентите сè уште чекаат официјален одговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши, на барањето да им се овозможи да се хранат во собранискиот ресторан по истите цени како пратениците. Поради тоа, најавената посета на 27 ноември нема да се одржи, изјави Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

„За жал, уште немаме одговор од страна на спикерот на Собранието, господинот Африм Гаши, дали собранискиот ресторан ќе има отворен ден за студентите“, рече Ходаи.


Тој посочи дека ќе остават уште време за официјален одговор, по што со студентите ќе се договорат за следните чекори. Меѓу можностите што ги разгледуваат е и самостојно да се организираат и да се соберат пред Собранието без покана.

„Ние ќе им дадеме уште време, додека добиеме службен, официјален одговор од нивна страна. Потоа ќе се договориме со студентите“, изјави Ходаи.

Можете да прочитате

Ходаи: Ботовите од Белата палата не нападнаа откако го туживме МОН

Ходаи: Пратениците земаат плата над 2.000 евра, а дел од нив носат евтина храна од Собранието и дома

Случаен минувач го пронашол застреланиот маж кај Смилковско Езеро, приведен осомничен