Утрински Весник
Македонија

Кривична за двајца полицајци за земање мито на ГП Блаце

Whatsapp image 2025 08 27 at 13.48.00.jpeg

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Х.К. и Ј.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, на работно место како полициски службеник на ГП Долно Блаце при РЦ за ГР Север, на 22.11.2026, при вршење гранични проверки за влез во државата, од лице кое ја преминувало државната граница со патничко моторно возило, во кое како сопатници биле и двајца турски државјани, побарал и примил парични средства за да овозможи влез во државата на двајцата турски државјани лажно прикажувајќи му дека постои проблем во врска со нивниот престој.


Првопријавениот, дел од примените парични средства ги дал на второпријавениот. Одделот за внатрешна контрола против Х.К. и Ј.К. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.

Можете да прочитате

Левица: Недостиг од лекови и колапс во јавното здравство – пациентите трпат додека Клековски тендерира

Уапсен скопјанец кој криумчарел мигранти од Непал

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници