Утрински Весник
Македонија

Татко и син нападнале доктор и медицинска сестра пред поликлиниката „Јане Сандански“

Janesandanskibolnica.jpg

Доктор и медицинска сестра од Итната медицинска помош биле физички нападнати пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Според пријавата, во нападот учествувале татко и син.

По инцидентот реагираше Лекарската комора, која остро го осуди насилството врз здравствените работници и побара итна реакција од надлежните институции.


Од Комората апелираат до Министерството за внатрешни работи и правосудните органи што поскоро да го расчистат случајот и да преземат соодветни мерки против одговорните лица. Воедно потсетуваат дека физички напад врз здравствен работник при извршување на службените задачи претставува кривично дело за кое е предвидена затворска казна до пет години.

„Недозволиво е докторите и медицинскиот персонал да бидат изложени на физичко и вербално насилство и да работат во услови на загрозена безбедност“, посочуваат од Лекарската комора.

Комората најави дека на нападнатите здравствени работници ќе им обезбеди правна и психолошка поддршка, а истовремено побара засилување на мерките за заштита на медицинскиот персонал.

Можете да прочитате

Сведок за пожарот во „Пулс“: Жариштето беше кај задната врата, а противпожарни апарати сум видела само во билетарата

ДОМ: Кој ќе има корист од новиот бизнис со дата-центри

Кривична пријава за надзорник, потпишал технички извештај за хотелски комплекс со нелегални градби во Охрид