Утрински Весник
Македонија

Полициска акција во Скопје: Приведени тројца од Македонија, едно лице од Турција и едно од САД

Whatsapp image 2026 04 09 at 15.02.37.jpeg

Пет лица на возраст од 21 до 49 години биле лишени од слобода на различни локации во Скопје на 19 и 20 ноември, откако полицијата кај нив пронашла и одзела марихуана и прашкасти материи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Скопје ги привеле В.Т. (37) и А.Ќ. (21) од Скопје, Н.Б. (26) од Битола, Ц.Х.Е. (26) од Турција и А.Ш. (49) од САД.


Според полицискиот билтен, одземени биле бела прашкаста материја, друга прашкаста материја и марихуана. Од МВР најавија дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Димитар Ангелески е нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Пожар во „8 Септември“: Сите пациенти и вработени се безбедни, болницата работи редовно

Двајца родители пријавиле наставник за физички напад врз ученици во Скопје