Утрински Весник
Македонија

Виктор Спасески ја претставува Македонија на претстојниот Европски шампионат во слем-поезија

Image 2026 11 18 103105792.png

Минатогодишниот национален победник на „Поетски слем Македонија“, Виктор Спасески од Прилеп, ќе ја претставува земјава на претстојниот Европски шампионат во слем-поезија, кој ќе се одржува од 19 до 21 ноември во Грац, Австрија.

Тој ќе се натпреварува со победници од триесет европски држави за титулата Европски шампион во слем-поезија и за квалификации за учество на Светскиот шампионат.


– Се квалификуваа 30 шампиони. Од Шведска до Грција и од Португалија до Украина, сите се тука за да ја прослават јазичната разновидност на нашиот континент. Германските преводи на сите текстови ќе се проектираат во живо. Правилата за Европското првенство се: оригинални текстови, слободен избор на тема, временско ограничување од четири минути, без костими или реквизити. Дозволено на сцена е да бидат само поетите, нивните листови хартија и нивните гласови – подинамично од ова не може да биде! А публиката е таа што одлучува: секој што сака може да му се придружи на жирито и да помогне да се одреди кој ќе ја однесе титулата дома – велат од организацијата на Европскиот поетски-слем.

Заедно со австриската шампионка, Лиа Хартл, вкупно 30 земји ќе се натпреваруваат во две полуфиналиња.

Прво полуфинале: Австрија – Белгија – Кипар – Данска – Естонија – Финска – Ирска – Латвија – Луксембург – Македонија – Норвешка – Полска – Шкотска – Словачка – Словенија.

Второ полуфинале: Хрватска – Чешка – Англија – Германија – Грција – Унгарија – Италија – Холандија – Португалија – Романија – Србија – Шпанија – Шведска – Швајцарија – Украина.

Од 2014 година до денес Македонија на европските слем-шампионати ја претставуваа: Афродита Николова од Штип, Елена Пренџова од Скопје, Игор Трпчески од Прилеп, Марија Грубор од Велес, Никола Дукоски од Прилеп, Горазд Кени Китановски од Скопје, Миланчо Пендев од Кавадарци и Матеј Петров од Скопје, кој беше еден од дванаесетте претставници што не се натпреваруваа  во Берлин, поради ограничениот број учесници и извлекувањето со жребка.

Годинешната победничка Валерија Дамчевска од Битола следната година ќе се натпреварува на Европскиот шампионат во слем-поезија во Естонија.

Можете да прочитате

Цанов објави пораки од Михаилова и мајка ѝ: Барале да ја повлече снимката за ДАНС, стравувајќи дека „сите ќе умрат уште вечерва“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка, а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, Тошковски го штити Мицкоски – уште колку жртви за одговорност